Рамстор на крилата на публиката до победа со Уника

Систина и Рамстор со по 6 погодоци остварија победи во 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Систина преку контра-напади до победа над Оне.Вип
Оне.Вип 1-6 (0-3) Систина
Оне.Вип: Илчо Удовалиев 33’
Систина: Ѓорѓи Иванов 6’ 36’ Кристијан Димковски 12’ 14’ 26’ Ивица Петровски 30’

Екипите на Оне.Вип и Систина го започнаа овој натпревар доста мотивирано играјќи доста агресивна одбрана. Екипата на Систина во овој сегмент на играта беше значително подобра што и овозможи преку добрата одбрана да развие контра напад кој Оне.Вип не можеше да го контрлира па на полувремето Систина отиде со предност од 0-3. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам екипата на Оне.Вип не можеше да најде против игра за Систина па го загуби овој натпревар со 1-6.

Рамстор на крилата на публиката до победа со Уника
Уника 2-6(0-5) Рамстор
Уника:Бесими Нухиу29’ Арбен Нухиу 40’
Рамстор: Ведат Арслан 3’ 12’ 13“ 16’ 34’ Ибрахим Бекир 18’

Екипата на Рамстор мошне мотивирано влезе во натпреварот со минатогодишниот шампион Уника. Тимската игра која ја негува Рамстор успеа да му создаде простор на Арслан кој со 4 погодоци беше најефикасен во првото полувреме и воедно и најзаслужен за водството од 0-5 на полувремето. Во второто полувреме понесени од својата пуплика Рамстор продолжи со одличната игра не дозволувајќи и на екипата на Уника да се врати во овој натпревар па стигна до победа од 2-6.

23 ноември 2016 - 09:05