Осврт на петтото коло на Бизнис Лигата

Во духот на ферплеј заврши и петтото коло во Бизнис Лигата на Македонија.

Во ова коло своите компании до победа ги водеа следниве фудбалери: Влатко Манев кај екипата на Македонски Телеком со постигнати 5 погодоци, Љупчо Апостоловски кај екипата на Лукоил со дадени 4 погодоци, Александар Јаневски кај екипата на SISTINA со дадени 3 погодоци, Љуљзим Каштањева кај екипата на UNIQA со дадени 3 погодоци, додека Ивица Аврамовиќ кај екипата на АМСМ е прогласен за најдобар 5-ти играч на петтото коло.

За голман на колото прогласен е Бобан Дуковски кај ЕЛЕМ, кој успеа во текот на целиот натпревар против Глобко Логистик да ја остави мрежата мирна.

Тренерот на ЕЛЕМ - Александар Димковски е прогласен за тренер на колото и неговата екипа е прогласена за екипа на петтото коло на Бизнис Лигата на Македонија.

16 ноември 2013 - 20:32