- Шпаркасе банка имаше задоцнет финиш во дуелот со ЈСП кој го загуби со 4-6
- ЕВН во крајно израмнет натпревар успеа да го совлада Гранит со 7-6 и дојде до бодовите
- Пекабеско со темпирана игра дојде до победа над АрцелорМиттал со 6-3
- Екипата на Лукоил наметна висок ритам кој адмирал не можеше да го прати па извојува победа од 6-4
- Екипата на МЕПСО имаше сериозен пристап уште на самиот старт и успеа да му нанесе пораз на Алкалоид од 6-2.
- Македонски Телеком и Систина одиграа фер-плеј натпревар без резултатско оптоварување и во ваквата игра Телеком славеше со 13-9
- Еуролинк немаше доволно сили за целосен пресврт па во самиот финиш ФАКОМ извојува победа од 9-7
- ТРАНСМЕТ преку добро контролиран напад успеа да го совлада ОНЕ.ВИП со 8-4
- Натпреварот помеѓу ХАЛКБАНК и УНИКА беше одложен
Што се однесува до индивидуалната игра оваа недела со своите индивидуални квалитети се истакнаа следните фудбалери:
1. Влатко Манев од Македонски Телеком со 4 гола
2. Виктор Петровски од МЕПСО кој што постигна 4 гола
3. Александар Јанески од Систина постигна исто толку
4. Гол помалце т.е. 3 гола постигна Стефан Степковски од Гранит и се најде меѓу најдобрите
5. За најдобар петти играч е прогласен Дејан Зиков од Лукоил со 3 гола
Голман на колото: Петар Бегалиноски (Шпаркасе банка) кој не само што ја чуваше мрежата туку и постигна два гола
Екипа на колото: (МЕПСО)
Тренер на колото: Кире Атанасовски (Гранит)
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
1. Душко Симоновски (Македонски Телеком)
2. Бојан Јовановски (ФАКОМ)
3. Бобан Мициќ (Пекабеско)
4. Даниел Антовски (ЈСП)
Останува уште последното деветнаесетто коло во кое кристално јасно ќе се определат најдобрите 8 кои ќе играат во “Фајнал 8“ фазата се до шампионската титула