Нов опасен случај на Европско - полицијата пукаше во напаѓач на холандските навивачи

Пред само неколку дена европската јавност беше шокирана откако некој лудак со потекло од Авганистан влегол со нож и направил 'ршум во соседниот двор каде се гледало Европско во фудбал. Полицијата него го усмртила на лице место. Денес додека траела убавата парада на холандските навивачи, нов лудак со мачета се залетувал накај Холанѓаните па полицијата го испукала со неколку истрели.

Целиот настан се случил во близина на Репербан во Хамбург каде се собирале и холандски и полски навивачи. Германските медиуми соопштуваат и дека напаѓачот имал и молотов коктел со себе.

16 јуни 2024 - 15:41