Најлошите церемонии на отворање

Британците направија вистински спектакл при отворањето на Олимписките игри во Лондон, но не секогаш вакви церемонии поминувале во најдобар ред. Ова се најлошите церемонии на отворање:

Светски студентски игри 1991

Чест да го запали пламенот на Светските студентски игри кои во 1991-та година се одржаа во Шефилд, го имаше Хелен Шарман, првата Британка која леташе во вселената. Но најверојатно таа се уште не била дојдена при себе по враќањето од вселенската станица Мир и трчајќи по атлетската патека Шарман се сопна, а пламенот и падна и се изгасна.

Светско фудбалско првенство 1994


Американците за прв пат добија шанса да организираат Светско фудбалско првенство и зажалија што ја поканија Дајана Рос. Таа одлично си отпеа, но од пет метри успеа да промаши цел гол кој требаше да се распадне откако таа ќе ја затресе мрежата.

Зимски Олимписки игри Ванкувер 2010


Неколку големи канадски ѕвезди помеѓу кои беше и лизгачката Катрина ЛеМеј Доун требаше заеднички да го запалат олимпискиот пламен, но нејзиниот столб не се подигна од под земја и таа остана со факелот во рака.

Олимписки игри Сеул 1988


Корејците мислеа дека пуштањето на гулаби за време на церемонијата ќе биде добра идеја, но голем дел од нив останаа да летаат на стадионот. Неколку гулаби стоеја на големиот факел и на крајот и тие беа запалени заедно со олимпискиот пламен.

30 јули 2012 - 16:05