Ешли Барти долго време е број 1 на женската светска ранг листа. Неочекувано реши да се збогува со омилениот спорт.
„Среќна сум и спремна ова да го направам. Знам дека во овој моменот во моето срце за мене како личност ова е исправна одлука. Денес е тежок и емотивен ден за мене, зошто објавувам дека се повлекувам од тенисот. Го дадов апсолутно се она што го имав за овој прекрасен спорт и не сум баш најсреќна. За мене ова е мојот успех. Сега сакам да следам други сни“, рече Барти во кратка видео порака објавена на Инстаграм.
Барти е сметана за најдобра тенисерка на нејзината генерација, осма тенисерка во историјата со повеќе недели на првото место на светската ранг листа и четврта во историјата која три години по ред завршуваше на челната позиција на ранкингот по Мартина Навратилова, Штефи Граф и Серена Вилијамс.
Барти е инаку актуелна шампионка на Отвореното првенство на Австралија а во својата колекција има и пехар од Вимблдон кој го освои лани во 2021 и Ролан Гарос во 2019.
Австралијката во богатата колекција единствено го нема пехарот од УС Опен каде два пати стигнуваше до четврто коло. Барти паралелно понекогаш играше и крикет, така што некои сметаат дека е можно да продолжи во овој спорт.
„Не бев сигурна како да ја споделам оваа вест со вас, па ја прашав мојата добра другарка (поранешната тенисерка Кејси Делаква) да ми помогне. Благодарна сум на се што ми даде овој спорт, се чувствувам горда и исполнета. Им благодарам на сите кои ме поддржа на овој пат. Секогаш ќе бидам благодарна за животните искуства кои заедно ги создадовме“, заклучи младата Барти која во кариерата има 305 победи, 102 порази и енормна заработка од 23.829.071 долари.