НАСКАР трката Дејтона 500 оваа година изобилуваше со дожд, судари, пожар, експлозија...
Стартот на трката која требаше да се одржи во неделата, беше одложен за 36 часа заради обилните врнежи. И само што трката започна, поранешниот Формула 1 возач, Хуан Пабло Монтоја се заби во камион кој превезуваше 750 литри гориво. Сударот предизвика експлозија, но за среќа Монтоја остана неповреден.
По два часа пауза, трката продолжи и веднаш се случи нов судар во кој учествуваа шест автомобили, а на крајот победата ја однесе Мет Кенсет.
[jw file="/files/offside/2012/02/29/montoyaslamsintotrackdryeratdaytona.mp4"]