За време на Олимписките игри во Лондон, подземната железница, односно метро станиците ќе ги носат имињата на 361 спортска ѕвезда.
Двете станици во Стратфорд кои се во близина на Олимпискиот стадион во Лондон ги добија имињата на Мајкл Фелпс и Касиус Клеј. Помеѓу 361 име на спортисти, свои станици добија Лионел Меси, Карлос Тевез, Мајкл Џордан, Роже Федерер, Рафаел Надал, Коби Брајант, Леброн Џејмс, Карл Луис и многу други.
Новата мапа е веќе во продажба по цена од околу 5 евра, а како што и се очекуваше, на неа нема ниту едно има на македонски спортист.
Клик тука за целосната мапа.