По трката за големата награда во Јапонија, Ред Бул стана опсесија за тимот на Мердедес, но резултатите немаат врска со тоа.
Овој пат Луис Хамилтон и Џорџ Расел мораше да се справат со случка надвор од патеката.
За време на телевизиско интервју на Мерцедес, додека Луис Хамилтон зборуваше пред камера, во кадар се гледаше QR код кој обично го користат пилотите и членовите на тимовите за нарачка на пијачки.
Деталот станал толку забележлив, што за кратко време стигнале еден куп нарачки од гледачите.
Најмногу од нив нарачувале Ред Бул или поточно од познатиот енергетски пијалок кој го произведува најголемиот ривал на Мерцедес.
Нарачките не престанувале и неколку часа по интервјуто и за да ги прекинат биле принудени да го променат кодот.