Лукоил со повеќе гориво во финишот од ЈСП
Лукоил 5-3 (3-2) ЈСП
Лукоил: Марјан Цветковски 3', Борче Василев 5', Љупчо Апостоловски 9', Игор Дамјаноски 21', Дејан Зиков 18'
ЈСП: Ајдин Бекировски 15', Ивица Арсенов 19', Давор Калиновски 23'
Ледот го скрши екипата на Лукоил преку убедливо најдобриот голман во Лигата – Марјан Цветковски, кој не ретко знае да постигне и гол, како што беше на самиот почеток од овој натпревар. Под негово водство Лукоил уште во раната фаза од натпреварот влезе во посакуваниот ритам. Екипата на Лукоил по остар старт остана со играч помалку, што беше иницијална каписла ЈСП да се врати во натпреварот и стигне до само еден гол негатива, како што впрочем се отиде на полувремето (3-2). Во второто полувреме екипата на Лукоил буквално во првите 10' постигна еврогол преку Игор Дамјаноски, но не за долго. Екипата на ЈСП преку Давор Калиновски веднаш возврати, не дозволувајќи Лукоил резултатски да се одлепи. Но на крајот, пред се физичката подготвеност на Лукоил беше пресудна во издвојување на победата над ЈСП.
Montenegro во пенал завршница до победа над ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 4-4 (0-2) (пенали 6-7) Montenegro
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 25', 36', Влатко Петровски 32', Антонио Ничевски 38'
Montenegro: Горан Новакоски 13', 19', 21', Ивица Јанковски 27'
Доста тврдо прво полувреме во кое акцентот беше ставен на играта на одбраната и кај двете екипи. Се играше доста цврсто и на двете страни. Екипата на ЕЛЕМ играше нешто поотворено, но тоа вешто го искористи Горан Новакоски кој имаше своја вечер која маестрално ја искористи и направи да Montenegro замине на полувремето со 0-2. Во второто полувреме Montenegro постигна гол на самиот старт, што му овозможи да игра нешто позатворено. Тоа го искористи Синиша Ковачевиќ од ЕЛЕМ за намалување на резултатот од 1-3. Montenegro ја имаше предноста се додека екипата на ЕЛЕМ во своите редови не внесе голман-играч, со што влезе во ритам и на 2' пред крајот го израмни резултатот. Ваквиот пресврт резултираше со пенал завршница во која повеќе нерви имаше екипата на Montenegro, која беше посконцентрирана и избори влез во големото финале.