Како американската химна станала неизбежен дел од спортот?
Првпат мелодијата на спортски настан се слушнала на 15 мај 1862 година. Во Бруклин откривале нов стадион за бејзбол и поради тоа што настанот се одржал во време на граѓанска војна, организаторите решиле да додадат малку воинствен тон.
Оркестарот за свечени пригоди го најавил ревијалниот натпревар со стиховите “Црвен блесок на ракетите, бомбите се распрснуваат во воздухот“... Патриотизам никогаш доста.
За традиционален датум кога поемата за опсада на Англичаните на утврдувањето МекХенри во Балтимор, кога авторот на химната го гледал бомбардирањето и американското знаме (тогаш се инспирирал да напише поема), почнува тесно да асоцира со спортските борби се смета 5 септември 1918 година.
Од тој момент односот кон мелодијата почнал да се менува: во 1889 година шефот на Воено-морските сили на САД ја направил официјална мелодија при кревање на државносто знаме, а во 1916 година властите на Балтимор (каде се наоѓа форт МекХенри) изгласале закон кој забранува какво било скрнавење на песната која се јавува како национална религија.
Тогашниот претседател Вудро Вилсон наредил таа поема да се интонира на воените паради. (Претходно други композиции се јавувале како неофицијални химни на САД).
***
На 5 септември 1918 година Бостон Ред Сокс со Бејб Рут ја почнале финалната серија против Чикаго Кабс.
Првиот меч се играл во Чикаго и во себе ја попримил актуелната општествена депресија. За време на Првата светска војна на Американците не им било ни до бејзбол ни до спорт воопшто.
Но и покрај тоа на стадионот дошле околу 19.000 гледачи а кога во еден момент оркестарот на Воено-морските сили ја засвирел The Star-Spangled Banner, сите станале на нозе. Играчит на “Ред Сокс“ Фред Томас, кој служел во Воено-морската армија но добил дозвола да игра во финалето, се свртел кон знамето и војнички го поздравил, а останатите играчи ги ставиле рацете околу срцето.
Овој момент влегол во легендата и од тогаш химната се интонирала пред секој натпревар во лигата. Посетеноста на финалната серија почнала да расте (веќе на вториот меч имало 27.000 гледачи) а клубот Бостон отишол уште подалеку и за шестиот меч ги поканил воените ветерани: како што пишувал Tribune „нивното појавување предизвикало уште повеќе емоции отколку играчите на теренот.“
****
Меѓу Првата и Втората светска војна мелодијата веќе ја востановиле како задолжителен дел од спортската програма: освен на бејзбол ја свиреле и пред натпревари од американски фудбал, во НБА и во НХЛ.
Помеѓу овие два фактори кои придонеле во ширење на патриотските чувства во тој период, се појавиле и технички средства па организаторите не морале да трошат пари на бендови.
Во послевоените години во некои градови се обидувале да прекинат со оваа традиција. Некои сметале дека химната се претвора во нешто рутинско а целта не и е таква.
Други обрнувале внимание на тоа дека навивачите непристојно се однесуваат кон државниот симбол затоа што зборуваат на глас и се смеат додека се интонира.
НАЈЛОШИ ИЗВЕДБИ НА ХИМНАТА НА САД НА СПОРТСКИ НАСТАНИ:
Во САД долго време траела дискусија за тоа дека химната The Star-Spangled Banner има многу сложена музичка структура и не може да ја пејат лесно ниту професионални изведувачи.
Најлошите изведби на кои се смеела сета публика се:
Каб Каловеј (финале на НБА 1986)
Розан Бар (1990, натпревар на Сан Диего Падрес)
Жената комичар решила да ја испее химната на САД пред еден бејзбол меч а трамвај кој би одел по скршено стакло би произвел попријатен звук отколку нејзината изведба.
Карл Луис (финале на НБА, 1993)
Луис е познат спортист а не пеач. Пред настапот го предупредиле дека химната е мошне тешка за изведба на само а камоли пред преполна сала со пренос во живо. На крај запнал да испее но како резултат на тоа ги заборавил зборовите од химната, не погодил ни една нота и сфатил дека се обрукал и дека е за атлетика а не за пеење.
Стивен Тајлер (2001, Инди-500 автомото)
Тајлер бил професионален музичар кој во 2001 година решил да ја оплемени трката во Индијанаполис. Толку ниско како тогаш никогаш не паднал:
Морис Чикс и 13-годишна девојка (2003, НБА плејоф)
Девојчето ги заборавила зборовите а Чикс кој тогаш работел во Портланд притрчал да и помогне и ја извадил некако ситуацијата:
Каролин Марсил (2005, хокеј САД - Канада)
Ова делувало како шоу од Бени Хил и се смета за едно од најсрамните изведби на американската химна на спортска манифестација. Ги заборава зборовите, напушта терен, па се враќа и паѓа на мраз:
Кристина Агилера (2011, Супербол)
Ферги (2018, Ол-Стар меч НБА)
Ферги малку избега со „оригиналноста“ па ја изведе најсексуалната изведба на американската химна. Присутните играчи не можеа да се воздржат од смеење а Чарлс Баркли по химната изјави дека би запалил цигара:
НАЈДОБРИ ИЗВЕДБИ НА АМЕРИКАНСКАТА ХИМНА НА СПОРТСКИ НАСТАНИ:
Бејонсе (2004, Супербол)
Беспрекорен вокал:
Леди Гага (2014, Супербол)
Во необичен облик без провокација:
Марвин Геј (1983, НБА Ол-стар меч)
Витни Хјустон (1991, Супербол)
Најлегендарна изведба која тешко да се повтори имаше иконата на светската поп-музика Витни Хјустон: