ЈСП со две одлични полувремиња до победа над дебитантот Раде Кончар
Раде Кончар 4-10(1-4) ЈСП
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 9’Јане Талевски 40’ Стефан Ицовски 34’ 35’
ЈСП: Сабит Хусеини 1’ 2’ Марјан Србиновски 14’ 27’ 33’ Љупчо Павловиќ 19’ 23’ 37’ Велко Серафимовски 21’ 33’
Дебитантот Раде Кончар ја започна овогодинешната Бизнис Лига во дуелот со ЈСП. Уште на самиот старт буквално во првата минута ЈСП го искористи искуството преку Сабит Хусеини успеа да постигне два последователни гола со што ја изненади екипата на Раде Кончар. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на Раде Кончар успеа да ги поврзе редовите во нападот и преку Сашо Трпчевски да постигне гол во 9тата минута. Но искусниот ЈСП со голман играч во финишот на првото полувреме постигна два гола преку Марјан Србиновски и Љупчо Павловиќ за да се замине на паузата со 1-4. Во второто полвреме ЈСП продолжи да игра со голман-играч игра која им овозможи да го контролираат резултатот. Кај Раде Кончар имаше видлив напредок во играта но тоа не беше доволно да се добие искусниот ЈСП па овој натпревар заврши со краен резултат од 4-10.
Среќата беше на страната на Сава Осигурување во дуелот со Пекабеско
Сава Осигурување 2-1(0-0) Пекабеско
Сава Осигурување: Иљо Ристовски 33’ Коста Глигоровски 38’
Пекабеско: Александар Георгиевски 27’
Во првото полувреме екипите на Сава Осигурување и Пекабеско одиграа крајно израмнет натпревар во кој целосно беше ставен акцент на одбраната. На двете страни се играче цврсто во одбраната недозволувајќи на спротивната екипа да дојде до изгледна шанса за гол. И оние малкуте отворени шанси благодарение на одличните голмани не беа реализирани па така на полувремето се отиде со 0-0. Со цврста обрана се продолж во второто полувреме, но екипата на Пекабеско искористи грешка во одбраната на Сава Осигурување и во контра напад преку Александар Георгиевски успеа да постигне гол во 27та минута, но екипата на Сава Осигурување не се предаваше па во 33тата минута преку Данило Апостолоски возврати во иста мера и го израмни резултатот на 1-1. Во финишот на натпреварот екипата на Пекабеско не успеа да реализира неколку стопроцентни шанси за гол, што пак му појде од рака на Сава Осигурување кој во самиот финиш преку Коста Глигоровски постигна гол за победа.
Фабрика Карпош без доволно сили за пресврт во дуелот со ЕВН
ЕВН 6-3(4-0) Фабрика Карпош
ЕВН: Хабит Муњати 4’ 15’ Илија Мандаров 5’ 40’ Александар Димовски 17’ Томи Илиевски 20’
Фабрика Карпош: Александар Божиков 29’ 33’ 36’
Екипата на ЕВН уште на самиот стар со новакот Фабрика Карпош влезе доста мотивирано со сериозен пристап. Во текот на целото прво полувреме го држеа високиот ритам пред се благодарение на долгата клупа и честите ротации во играта. Ова темпо им овозможи да стекнат солидна предност, екипата на Фабрика Карпош направи неколку клучни грешки во одбраната па од тука и високите 5-0 на полувремето за ЕВН. Во второто полувреме Фабрика Карпош успеа да ги консолидира своите редови и потполно да се врати во натпреварот, но искуството на ЕВН не дозволи да има целосен пресврт па го доби овој натпревар со 6-3.