УНИКА во самата завршница го совлада Лукоил за влез во Ф4
Лукоил 3-6 (3-2) УНИКА
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 11’ 20’ Владимир Секулоски 18’
Уника: Арбен Бајрами 8’ 33’ Шабан Чупи 9’ 39’ Арбен Нухиу 40’ Бењамин Траинца 39’
Третиот осмофинален дуел го одиграа екипите на Лукоил и УНИКА. Екипата на УНИКА перфектно го отвори овој натпревар и преку одлична игра дојде до водство од 0-2. Но минатогодишниот шампион Лукоил набрзо ги консолидира своите редови и преку одлично реализиран напад успеа да израмни на 2-2, во самиот финиш од првото полувреме Лукоил преку одличниот Мартин Алаѓозовски дојде до водство од 3-2 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме се играше доста офанзивен фудбал и на двете страни и двете екипи тактизираа задржувајќи ја топката на средината од теренот. Во самиот финиш екипата на УНИКА “експлодира“ и преку брзи контра напади не само што успеа да израмни туку и дојде до маестрална победа на овој натпревар од 3-6. Мора да напоменеме дека Арбен Бајрами успеа одлично да ги искористи асистенциите на Арбен Нухиу преку кои УНИКА ги постигнуваше клучните голови.
Халкбанк преку пенал завршница во Ф4
ЕЛЕМ 3-3 (2-2) ХАЛКБАНК (5-6 по пеналите)
ЕЛЕМ: Слободан Лајковски 7’ Антонио Ничевски 12’ Синиша Ковачевиќ 32’
ХАЛКБАНК: Марјан Атанасовски 12’ Мартин Дамески 13’ Ерсин Тахир 40’
Последниот осмофинален натпревар го одиграа екипите на ЕЛЕМ и ХАЛКБАНК. На самиот старт иницијативата ја имаше екипата на ЕЛЕМ која преку одлично реализиран напад успеа да постигне два гола, но во 12-тата минута екипата на ХАЛКБАНК која беше настојчива ги искористи грешките во одбраната на ЕЛЕМ и за неполна минута успеа да израмни на 2-2 со кој резултат се отиде на полувремето. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма се играше доста цврсто на двете страни екипата на ЕЛЕМ во 32-та минута преку одличен удар на Синиша Ковачевиќ успеа да постигне гол и да зголеми на 3-2. Но ХАЛКБАНК во финишот на натпреварот преку Ерсин Тахир успеа да израмни на 3-3 и допушти натпреварот да го одлучат пеналите. По изведување на пеналите екипата на ХАЛКБАНК славеше и обезбеди учество во Ф4 фазата.