Лукоил експлозивен финиш за победа над Гранит
Гранит 4-10(3-4) Лукоил
Гранит: Дарко Стојановски 1’ Стефан Тевдовски 8’ Стеван Митревски 15’ Ернад Рамдедовиќ 27’
Лукоил: Жарко Климкаров 2’ Дејан Зиков 6’ 17’ 36’ Љупчо Апостоловски 19’ 37’ Владимир Секулоски 27’ Мартин Алаѓозовски 31’ 38’ Анѓелчо Арсов 32’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Лукоил.
Во текот на целото полувреме се играше фудбал во кој и двете екипи дадоа максимум покажувајќи еднаквост во квалитетот. Екипата на Лукоил успеа со минимална предност од 3-4 да замине на полувремето. Во второто полувреме дојде до израз подолгата клупа на Лукоил преку која со чести измени го дигна темпото на игра кое Гранит не можеше да го прани. Лукоил не само што успеа резултатски да се одвои туку и во финишот дојде до убедлива победа од 4-10.
ЕЛЕМ со стабилна игра до победа над Пекабеско
ЕЛЕМ 6-3(3-1) Пекабеско
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 4’ 22’ Синиша Ковачевиќ 15’ 39’ Влатко Петровски 16’ 40’
Пекабеско: Дејан Неделковски 19’ 26’ Дарко Рунтев 32’
Во првото полувреме екипата на ЕЛЕМ настапи со голман играч со која формација успеа да го изненади Пекабеско пред се поради добро поставениот напад со кој стекна предност од 3-1. Се до завршување на полувремето резултатот остана непроменет. Во второто полувреме екипата на Пекабеско успеа целосно да се врати во натпреварот пред се благодарение на одличната реализација и цврстата одбрана која ја демонстрираше во текон на целото полувреме па така на само две минути до крајот успеа да ја стопи предноста на ЕЛЕМ и да дојде на само еден гол разлика. Во самиот финиш на натпреварот по грешка на одбраната на Пекабеско екипата на ЕЛЕМ успеа да го зголеми водството и да ја осигура победата во овој натпревар резултат од 6-3.
Искуството на Уника пресудно во дуелот со Сава Осигурување
Уника 10-5(6-3) Сава Осигурување
Уника: Љуљзим Каштањева 2’ 7’ 11’ 21’ 27’ Арбен Нухиу 5’ 33’ 40’ Бенјамин Граинца 13’ 25’ Бесим Нухиу 3’
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 1’ 40’ Стефан Димитровски 8’ 15’ Коста Глигуровски 32’
Екипата на Уника во дуелот со Сава Осигурување се потпре на искуството и долгодишната игра во Бизнис Лигата на Македонија. Во текот на целиот натпревар екипата на Уника ја имаше иницијативата играјќи ја својата препознатлива игра со што успеа резултатски да се одлепи. Екипата на Сава осигурување не можеше да фати ритам и да најде против-игра за расположената Уника па го загуби овој натпревар со 10-5.