Оскар Еспиноза е човекот кој неколку пати барал од судот во Аргентина да се направи тест на татковство, затоа што тврди дека е син на петкратниот шампион во Формула 1, иако се сметаше дека Фанџо никогаш немал деца.
Долгогодишниот првак во Ф1 никогаш не се оженил, но повеќе од 20 години живеел со мајката на Оскар Еспиноза и тоа за време на неговата доминација во Формула 1.
Оскар Еспиноза е роден на 6. јули 1938. година, само неколку месеци откако неговата мајка почнала да се гледа со Фанџо, а во 2000-та за прв пат јавно изјавил дека легендарниот пилот му е татко. Во последните години Еспиноза поднел неколку барања за и официјално да го признаат како син на Фанџо.
Еспиноза имал амбиции да стигне и до Формула 1, но најголеми достигнувања имал како пилот во европската Формула 3 во 1966. година и тоа под презимето Фанџо. Ексхумацијата на големиот шампион е закажана за 17. јули во 11 часот по локално време, а неколку страни веќе поднеле жалба на одлуката телото да биде носено во Мар дел Плата каде треба да биде направен тестот.
Хуан Мануел Фанџо почина на 85 години, на 17. јули 1995. година. Во Ф1 возеше дури девет сезони и освои пет титули (1951, 1954, 1955, 1956, 1957). Неговиот рекорд беше несовладлив до пред 12 години, кога Михаел Шумахер најпрвин се израмни со Фанџо, а две години подоцна постави нов рекорд. Германецот е најтрофеен со 7 титули во Ф1.