Едвај довесла, но ги собра овациите

Пред 12 години на Олимпијадата во Сиднеј го имавме „Ерик јагулата", а оваа година својата слава ја стекна веслачот од Нигер.

Јунак на вториот натпреварувачки ден е веслачот од западна Африка. 35-годишниот Хамаду Џибо Исака не само што не победи, туку едвај довесла до крајот, но сепак доби најмногу аплауз.

Тој доаѓа од Нигер, земја која е погодена од суша и нема многу локации каде може да се практикува овој спорт, а Исака започнал да тренира веслање пред само три месеци. На Олимписките игри се најде со специјална покана благодарение на желбата на МОК да им даде шанса на претставниците на земјите во кои овие спортови се слабо развиени.

Хамаду Џибо Исака денес трката ја заврши за 8:39.66 минути што е за една минута и 40 секунди поспоро од првопласираниот и цели две минути и шест секунди заостанување зад светскиот рекорд.

29 јули 2012 - 21:14