Диего Форлан, некогашната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед, до 16 години во младоста играл тенис и играл мошне добро, но во еден момент сфатил дека фудбалот му е поголема љубов, па се посветил на фудбалска кариера.
Играше фантастично за Интер, Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед, се изнадава голови каде и да настапуваше, а посебно добри беа неговите настапи за Уругвај со кој играше на неколку Светски првенства.
Во 2010-та беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот 2010 во Јужна Африка.
Минатата година Форлан се решил да се проба во професионалниот тенис. Веќе е и заведен во регистарот на светската тениска федерација. На турнирот во Лима стигнал до четвртфинале со одлични мајстории со рекетот
Во прво коло на турнирот ITF World Tennis Masters Tour Диего Форлан го совладал Чилеанецот Гонзало Карењо 6-0, 6-2, после тоа го совладал Перуанецот и локален миленик на публиката Хорхе Ернандез со 6-0, 6-1. На 22 јуни испаднал од турнирот но продолжува во натпреварите во двојки со Чилеанецот Пабло Рохас-Холч.