Насукава важи за еден од најдобрите кикбоксери во Јапонија: има 28 победи (22 со нокаут) и ниту еден пораз. По извесно време Теншин Насукава решил да се проба во класичниот бокс.
„Сакам да го прекршам Мејведер. Викаат дека Флојд не ја сфатил нашата борба сериозно. Тој многу провоцира и затоа сакам да го удрам и со нога“, дрско ја најавил борбата младиот Јапонец.
Според правилата, за удар со нога Јапонецот би добил сериозна парична казна од организаторите и Светската меѓународна боксерска федерација. Познатиот боксерски промотер Боб Арум се изнасмеал откако ја слушнал веста дека Мејведер ќе боксува со 20-годишен јапонски кикбоксер.
„Ова е зафрканција, нели? Мислам дека е зафрканција. Затоа што ова не е прав меч. На Флојд му требаат пари за Божиќ и Нова година а тој може да ги заработи. Зошто му требаат пари на Флојд кој знае?“
Дуелот Мејведер - Насукава бил ревијален но тоа не го спречило Флојд цело време во текот на борбата да се смее и дури три пати да го патосира младиот Насукава кој го потцени Американецот: