Договорот на еден од најдобрите боксери на денешницата Саул Алварез е на 5 години и опфаќа 11 борби во тој период. Според условите, Канело загарантирано ќе заработи 365 милиони долари!
Овој договор е рекорден во историјата. Претходниот рекорд го држеше бејзбол играчот на Њујорк Јенкис, Џанкарло Стентон кој во 2014 потпиша 13-годишен договор со Мајами Марлинс вреден 325 милиони долари. Првата следна борба Мексиканецот Алварез ќе ја има на 15 декември против Британецот Роки Филдиннг. Борбата ќе биде за титула во WTA во втора средна тежина.
Договорот на Алварез со DAZN доаѓа откако оваа платформа по работата во Австрија, Швајцарија, Јапонија и Германија во 2016, од септември годинава работи и во САД и Италија.
Алварез има огромна публика во Мексико и во САД и неговите борби ги гледаат милиони луѓе кои досега плаќаа високи цени за pay-per-view. Отсега па натаму неговите борби ќе бидат достапни за секој кој ќе плати 9,99 американски долари за месечен пристап на стриминг сервисот кој нуди пакет за боречки спортови.
„Најважно за мене беше да им овозможам на моите навивачи да ги гледаат моите борби без да мора да плаќаат по 70-80 долари pay-per-view. Тоа беше најважно, поважно и од она што јас го правам.
Многу е важно да им ги пружам на навивачите најголемите и најважните борби и ветувам дека секогаш ќе го правам тоа. Борбата против Филдинг во декември е опасна борба. Работам на својата килажа и не знам како ќе се чуствува моето тело. Но секогаш сакам предизвици и многу сум среќен што моите следбеници ќе можат да ги гледаат моите борби за мала сума.“
Алварез од минатата борба кога загуби од Русинот Генадиј Головкин во септември, заработил 50 милиони долари.