Таг: генадиј головкин

Боксерот Алварез го потпиша најбогатиот договор во историјата на спортот

Шампионот во средна тежина (72,6 кг) во WBC и WBA категориите, Мексиканецот Саул Алварез потпиша астрономски договор со американскиот стриминг сервис DAZN и влезе во историјата.

12 рунди спектакуларен бокс помрачен од судиите

Во саботата вечерата во најочекуваната боксерска борба во последнава деценија Генадиј Головкин и Канело Алварез влегоа во ринг и без тронка жалење, чување и пазење приредија 12 рунди непрекинат бараж од директни удари, аперкати, ескиважи и севкупно врвен бокс за гледање. На крај, во моментот кога судиите требаа да ја дадат својата оценка и да го прогласат победникот, одлучија дека борбата завршила нерешено, без победник, што беше дочекано на волеј од речиси комплетната публика и боксерски експерти.

Mечот на деценијата: Генадиј Головкин против Канело Алварез

Едниот личи на руски сметководител, другиот личи на ирски шанкер. Едниот е Казахстанец, другиот е Мексиканец. Едниот е најмоќното нешто што се случило во средна категорија последнава деценија, другиот е најиздржливото нешто што се случило во средна категорија во последнава деценија. На 16-ти септември (сабота) се случува Генадиј Головкин против Канело Алварез, мечот за обединување на титулата во средна категорија и најголемата боксерска борба на оваа деценија.

Најстрашниот боксер не може да најде достоинствен противник

Генадиј Головкин, веројатно најдобриот боксер на светот, лесно го совлада Мексиканецот Марко Антонио Рубио во саботата, но ќе треба уште време додека најде прав предизвик во рингот, затоа што промотерите се плашат да ги пуштат клиентите со него.