Ракомет

Вардар го растури Рајн-Некар среде Мајнхам

И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.

Раул Гонзалес ја напушти Македонија

Шпанскиот стратег со кој Вардар го испиша најголемиот успех за македонскиот ракомет, повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација. Штета.

Роди ме мајко во Ниш и однеси ме тато во Франција

Каква трофејна кариера има овој Карабатиќ. Да не знаеш дали попрво да му ја анализираш репрезентативната или клупската кариера. Кај што ќе стапне освојува трофеј, а тие не му се добројуваат од што се многу.

Данска е нов светски шампион, Хансен и другарите ја растурија Норвешка

Ракометарите на Данска се прошетаа до златото на Светското првенство, откако вечерва убедливо ја декласираа репрезентацијата на нивниот сосед Норвешка со 31-22 (18-11).

Победа против Чиле за крај на мундијалските настапи

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога против Чиле и со тоа го завршува Светското во Германија и Данска на 15-то место, исто како во Франција пред две години.

Со ваква одбрана не се победува Русија

Македонската ракометна репрезентација го запишува и четвртиот пораз во низа на СП 2019. Русија ја казни слабата борбеност на нашите ракометари кои играа многу млако во одбрана. Митревски беше одличен со 15 интервенции, но Киреев блесна со 19.

Кире го изремети рускиот голман од пенал

Во оваа лоша серија од четири порази во низа на Мундијалот во Германија и Данска, како и секогаш наша најсветла точка е Кире Лазаров. Погледнете што му направи капитенот на рускиот голман од пенал. Лоб за сите пари, ама со другата рака. МАЈСТОРИШТЕ.

Слабиот ростер и тешката група си го направија своето

Едни плукаат по Филип Лазаров, други по Талески, трети по Раул дека е со мислите во Париз. На крајот секогаш сите се селектори, а најблиску до тоа е сепак (и може да биде) капитенот кој убаво потсети на две важни, можеби најважни работи: Имавме тешка ждрепка и ни фалеа искусните играчи.

Голот на Манасков кроз уши вреди да се види уште еднаш

„Живееме“, рече коментаторот кога Дејан Манасков намали на -1, но 40 секунди беа премалку за до крајот да постигнеме уште два, а да не примиме ниту еден од Исланд. Сепак “не преживеавме“, штета, но ќе се гордееме и ќе се навраќаме и на цепелините и на ваквите ремек дела од мртов агол.

Толку беше од Светското

Македонската ракометна репрезентација го загуби и третиот меч во групата на Мундијалот во Германија и Данска, а тоа значи разигрување за пласман меѓу 13-то и 16-то место, што нема да биде задоволително за момците на Раул Гонзалес.

Борба те чека, борба за втора фаза

Онака како што и се предвидуваше, Македонија ги победи двете послаби селекции во групата, од двете посилни изгуби и сега останува да се удри машки на „Викинзите“ од Исланд.

Најатрактивниот седмерец во историјата на ракометните мундијали

Запамтете го името на Анголецот Едвалдо Фереира кој изведе чудо од пенал синоќа против Шведска. Од првиот агол кога го гледате ќе помислите дека ја фрла безвезе, но внимавајте кога ќе го дадат од втор агол. Какво е ова ефе?

Колку стомачни на ден му требаат на Фичо?

Руска, кифли, сарма, прасечко, торта и ниту еден обид за удар против Хрватска. Вчера добар беше, даде еден гол.

Мораше да се менува цела постава после 3 минути игра?

Таки од ИХФ (Светската ракометна федерација), кој чат пат пишува колумни за Офсајд, издвои четири поенти за вчерашниот пораз на Македонија од Шпанија, кој практично го загубивме со блекаутот од 30-та до 33-та минута во која не решетаа со серија од 5:0.

Одлично прво полувреме и дебакл на крај - Шпанија нè декласираше

Македонија го одигра можеби најдоброто полувреме на Светското, но само што почна второто, следуваше страшен пад во кој примивме пет гола во само три минути и победникот беше јасен.

Моментите кога ти е преубаво да ја гледаш Македонија на СП

Македонските цепелини се добро познат белег во играта на нашите ракометари и тие не го бираат противникот. Шпанија тоа го почувствува на Мундијалот пред две години кога загубивме со 4 гола разлика. Па нека биде така и вечерва, ама со резултат во наша полза. Да ве потсетиме како Кире ги потепа на СП 2017 во Франција.

Тешко се излегува на крај со Хрватска

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Мундијалот во Германија и Данска во првиот сериозен испит кој беше многу тежок за положување.

Столе е човек со муда и карактер како Шар Планина

Да сум газда на клубот на Стојанче ќе му купев златно ланче. Па оној Русинон не е луд што токму него го држи како единствен Македонец во најголемиот Вардар. Тој со отсвртување прави чистка на линијата како лонец со сарми.

Кире за ХРТ го најави дуелот со „коцкестите“

Капитенот на македонската репрезентација својата светска одисеја ја започна од РК Загреб, клуб во кој дојде од битолски Пелистер во 2000 година. Хрватската јавност исклучително многу го цени Лазаров кој вечерва ќе игра токму против нив - на мегдан со Червар.

Македонија го скроти и Бахреин

Најдобрите македонски ракометари ја остварија и втората победа на Светското првенство 2019, откако попладнево го совладаа Бахреин со 28-23 (12-8).

Столе Стоилов се огласи за промената на името од Светското во Германија

Со шест голови од исто толку обиди и со гранитна игра во одбраната, Стојанче Стоилов беше најзаслужен за убедливата победа на Македонија над Јапонија на стартот од Светското првенство во Германија и Данска. Но, револтиран од политичките случувања во земјата, Стоилов се огласи на Фејсбук.