Ракомет

Него дали видовте што и се случи на Данска во Подгорица?

Македонија синоќа му удри шамар на Исланд кој 13 години нема загубено дома, но сепак сензацијата број 1 во третото квалификациско коло за ЕП 2020 ја направија Црногорците кои се дрзнаа да го совладаат светскиот првак.

Не можеш да им го сопреш пикерот, 140 кила има

Македонската ракометна репрезентација синоќа обезбеди прва историска победа на гостувањето против Исланд и со една нога е на Европското првенство следна година. Причините за поразот ги образложи Арнор Гунарсон на кој совршено јасно му е дека не се може против тоа крупно човече.

Инфаркт завршницата во Рејкјавик

Не бе не сме живи ако не одиграме драматична завршница во ракомет. Гледаш, се нервираш, раце ти се потат и на крај или скокаш од радост или го трескаш даљинското од земја. Во 20 последните секунди синоќа на тешкото гостување против Исланд се случи ова: Заебавме напад, па заебаа напад, па заебавме пенал и на крај победивме за прв во историја во оваа земја.

Голем триумф на Македонија на далечното гостување во Исланд

Најдобрите македонски ракометари направија голем чекор кон пласманот на континенталниот шампионат во 2020 година, откако вечерва во крајно неизвесен и тежок меч за првпат во историјата го совладаа Исланд на гостински терен.

Специјална мултијазична поддршка од Вардарци до Диско

Кристијан Дисингер одигра скоро едно полувреме од финалето во СЕХА лигата против Загреб бидејќи заработи тешка повреда на раката. По освојувањето на титулата, Вардарци од соблекувална го поздравија на повеќе јазици, а најјак беше делот кога Столе се одра од смеење на летонскиот јазик на Кристопанс.

Само Столе знае да изведе ваква мајсторска „шрауба“

Трета титула по ред за Вардар во СЕХА лигата и вкупно петта во историјата. Само Игор Карачиќ и Столе Стоилов ги имаат освоено сите пет. Капитенот го постигна најатрактавниот гол во финалето и на цел Фајнлфор. Мајсториште.

Мајсторскиот гол број 1 во ЛШ е на Дејан Манасков

ЕХФ ја стокми топ 5 листата на најатрактивни голови во реванш осминафиналните средби од Лигата на шампионите. Првото место го лапна македонски репрезентативец. Погледнете Деки како дрско му одигра на голманот на Спортинг на дуелот кој Веспрем го доби со 35:29.

Вардар по шести пат е во четвртфинале, реваншот со Загреб тежок

Ракометарите на Вардар уште пред една недела го чекираа пласманот во 1/4 финале по убедливиот триумф во Загреб, но вечерва во Скопје прописно се испотија.

Најавата за “македонското“ ракометно дерби во ЛШ

Ракометарите на Нант ќе бркаат негатива од 2 гола разлика на раванш осминафинален меч од ЛШ против Рајн Некар кој го загубија 34:32. Спасот го бараат во се знае кој.

Вардар го згази и го понижи Загреб на нивни терен

Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.

Идол на сите генерации

Осминафиналето во ракометната Лига на шампиони стартуваше со македонска пресметка меѓу Филип Талески и Кире Лазаров. Битката на првиот дуел ја доби помладиот (Рајн Некар - Нант 34:32), а респектот во САП арената во Манхајм беше за Кире Лазаров на кој гостински навивачи, веројатно македонци, му подготвија транспарент.

Остај ти Трамп, Вардар игра во ЛШ

Пази ова. На Фејсбук кружи фотографија како некој за време на говор на Претседателот на САД, ја пушта во живо Вардар за да гледа како му држи лекција по ракомет на европскиот првак Монпеље.

Европскиот првак падна во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го совладаа Монпеље, но не го освоија второто место во А групата. Не беше нож до коска да се победи францускиот противник, но ако Веспрем загубеше од Кјелце Црвено црните ќе добиеа малку полесен противник во осминафинале.

Денот кога Барселона не знаеше кај се наоѓа против Металург

Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.

Вардар освои бодови на шведската маса

Македонскиот шампион одново се врати на победничка патека во ЛШ откако вечерва славеше на гостувањето кај Кристијанштад со 30-32 во меч од 13 рунда.

Фото на денот

Ако ЕХФ треба да бира фотографија на годината, еве им ја. Се случи пред салата Јане Сандански во очи на мечот меѓу Вардар и Веспрем. Реткост е ова, особено на наши простори. Браво за фотограф Кочо кој се нашол на право место.

Веспрем го освои Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го загубија тешкиот меч против Веспрем, а со тоа и втората позиција во групата за која се води грчевита битка. Штета за поразот, бидејќи момците на Парондо одиграа фантастично прво полувреме во кое се изборија за +5.

Вардар го растури Рајн-Некар среде Мајнхам

И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.

Раул Гонзалес ја напушти Македонија

Шпанскиот стратег со кој Вардар го испиша најголемиот успех за македонскиот ракомет, повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација. Штета.

Роди ме мајко во Ниш и однеси ме тато во Франција

Каква трофејна кариера има овој Карабатиќ. Да не знаеш дали попрво да му ја анализираш репрезентативната или клупската кариера. Кај што ќе стапне освојува трофеј, а тие не му се добројуваат од што се многу.

Данска е нов светски шампион, Хансен и другарите ја растурија Норвешка

Ракометарите на Данска се прошетаа до златото на Светското првенство, откако вечерва убедливо ја декласираа репрезентацијата на нивниот сосед Норвешка со 31-22 (18-11).

Победа против Чиле за крај на мундијалските настапи

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога против Чиле и со тоа го завршува Светското во Германија и Данска на 15-то место, исто како во Франција пред две години.

Со ваква одбрана не се победува Русија

Македонската ракометна репрезентација го запишува и четвртиот пораз во низа на СП 2019. Русија ја казни слабата борбеност на нашите ракометари кои играа многу млако во одбрана. Митревски беше одличен со 15 интервенции, но Киреев блесна со 19.