Тешко беше синоќа да се следат сите спортски настани и додека на Телма гледавме ракометна драма на Исланд – Македонија, а на компјутер ѕиркавме ЛШ во фудбал, во Подгорица се случи големо ракометно изненадување.
Замислете Црна Гора ја доби Данска во групата 8. Загубија од Украина, ремизираа со Фарски Острови, но успеаа да го добијат тазе светскиот првак.
Зборуваме за ракометна земја со традиција и голем габарит. Имаат 12 медали од кои 4 златни, еден на ОИ во РИО 2016, два на ЕП 2008 и 2012 и светската титула освоена пред нешто повеќе од два месеци.
А за Црногорците што да кажеме кога првиот официјален натпревар го одиграа во 2007-ма. Најголемиот успех им е едно учество за Светско и три на Европско првенство. Толку.
Но овие споредби најмалку го интересираа голманот Небојша Шимиќ кој им фаќаше зицери на Данците и блесна со вкупно 15 интервенции. Покрај него меѓу најзаслужните за сензацијата беа Божовиќ со 7 и Вујовиќ и Липовина со по 5 гола. Кај Данците Хансен даде 8.
Црна Гора славеше со 32:31, но последните 15 секунди беа драма во која шанса за реализација имаше на двете страни. Домаќините тргнаа кон гол за +2, но промашија, а потоа данските ракометари некако панично се организираа и не успеаат да стигнат до реми.
Финишот од средбата
Извонредниот Шимиќ
И летечкиот цепелин на Вујовиќ ала Манасков
Табела: Данска 4, Украина 4, Црна Гора 3, Фарски Острови 1