Македонија е дел од квалификациската група 4 каде ќе игра со два стари познаници. Чешка е наш противник и во јунскиот двомеч преку кој ќе бркаме пласман за Мундијалот во Шпанија 2017-ма, а со нив игравме и на претходните квалификации за ЕП 2016-та.
Селекцијата на Исланд ни беше пречка која ја минавме во баражот за Светското првенство во Хрватска 2009-та. Според реномето и квалитетот на овие репрезентации, најслаба е Украина која ги загуби сите шест квалификациски средби за последното Европско.
Квалификациски групи за ЕП 2018:
Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Летонија
Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија
Група 3: Шпанија, Австрија, БиХ, Финска
Група 4: Исланд, МАКЕДОНИЈА, Чешка, Украина
Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија
Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка
Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија
Квалификациите почнуваат на 2 ноември оваа година и ќе траат до 18 јуни 2017-та, а пласман на Еврошампионатот ќе обезбедат првопласираните две екипи плус најдобрата третопласираната селекција.
Европското првенство во Хрватска се игра во периодот од 12 до 28 јануари 2018-та во четири градови: Вараждин, Сплит, Пореч, а финалето се игра во Загреб.