На возраст од 36 години Кире Лазаров не покажува знаци на замор и тој е лидер на Македонија и во квалификациите за ЕП 2018. Во дресот на својата репрезентација има постигнато 989 голови и му недостасуваат само 11 за да стигне до јубилејни 1.000, напиша ЕХФ на својот официјален Фејсбук профил.