Лазаров: Меси е подобар од Роналдо, а Ѓоковиќ е шампион

Како прв играч во историјата на Лигата на шампионите со 1.000 постигнати голови, нашиот капитен сè уште е во фокусот на шпанските медиуми кои го прашаа како ја одржува формата на 35 години, зошто го одбрал дресот со број 77 и дали се сеќава на првиот ракометен меч кој го одиграл.

Тоа што го правите на терен ви успева на 35 години.

Еден мој пријател вели дека нема млади или стари играчи, туку добри или лоши. Јас работам напорно секој ден за да ја одржам формата. Ракометот е мојот живот, јас живеам за ова, тоа е мојата љубов. Во Барселона имам огромна мотивација. Не велам дека претходно не сум бил мотивиран, но тука е поинаку и ти даваат поинаков третман кога ќе станеш член на овој клуб. Секоја година стекнувам поголемо искуство.

Дали станавте машина за голови?

Јас ја работам мојата работа и секогаш давам максимум. Некогаш успевам совршено, но некогаш не. Најважно е да верувате во себе и да дадете 100 проценти. Еден ден еден постигнувам голови, друг некој тоа го прави некој друг играч. Најважна е победата на тимот, а не кој постигнува голови.

Станавте прв играч со 1.000 голови во ЛШ, како ви успеа?

Не е лесно. Да ми кажуваше некој кога почнував немаше да верувам. Не е лесно да се опстои на ова ниво толку години со повреди, подеми и падови. Среќен сум и горд. Морате да ја искористите секоја година. За да излезат работите онака како што сакате, мора да го заслужите тоа и да верувате дека го заслужувате.

Се сеќавате ли на вашиот прв меч?

Да, имав 15 години и играв за РК Пореч.

Кој ќе ја освои оваа сезона Лигата на шампионите?

Тоа е тешко да се каже. Секој меч е тежок, групата е силна и сите се опасни ривали. Ние се обидуваме да ја повториме титулата, но тоа нема да биде лесно. Вреди да се проба, бидејќи никој не ја одбранил титулата во ЛШ откако е воведен Фајнлфорот.

Зошто го носите бројот 77 на дресот?

Пред ракометот играв кошарка. Идол ми беше Тони Кукоч и отсекогаш ја носам седмицата поради него. Тука беше зафатена и затоа избрав 77. Многу ми се допаѓаше неговиот стил на игра

На кој му се восхитувате сега?

На Ѓоковиќ и Меси. Ѓоковиќ е вистински шампион и никогаш не се откажува, а Меси е најдобриот фудбалер во светот. Не се разбирам многу од фудбал, но тој е подобар од Кристијано Роналдо.

Вие сте идол во вашата земја.

Јас секогаш го давам максимумот. Македонија е мала земја со два милиони жители. Луѓето го сакаат многу спортот и ракометот кој е многу познат поради репрезентацијата, Вардар и Металург. Ракометарите се многу познати и секогаш има одлична атмосфера во салите.

Целото интервју на шпански го имате на Мундо Депортиво.

14 октомври 2015 - 17:18