
Ракометарот на Еурофарм Пелистер постигна 31 погодок на три меча (10 против Унгарија, 9 против Холандија и 12 против Гвинеја).
Зад него со еден гол заостанување (30) е холандскиот репрезентативец Рутгер Тен Велде, а зад нив се Ренарс Ускинс од Германија и Албин Лагерген од Шведска со по 24 гола.
Лидерот на македонската репрезентација сега го чекаат дуели против Австрија, против Катар и против Франција, натпревари на кои ќе може да го подобри учинокот и дополнително да се одлепи на листата најдобри стрелци на Мундијалот.
Му посакуваме да остане најдобар стрелец до крајот и да ја поведе Македонија на повеќе од три меча на Светското ракометно првенство.