Колку пива има испиено Страхиња Милиќ во една вечер?

Имаме ние една инсајдерска информација за неговата фасцинантна бројка остварена во скопски ноќен клуб, ама Џамбо не поби и тоа со малку повеќе од тоа што ние го знаевме. Ако некој има намера да се такмичи со него, го советуваме воопшто да не почнува.

Срцка е Џамбо. Едно што е европски шампион со Вардар, а друго е што е супер соговорник, идеален за Јутјуб поткаст именуван како „Жешко столче“. Водителот го прашува дали мисли дека некаде погрешил во градењето на кариерата, а царот му одговара: Јас погрешив во оној момент кога се родив :).

Позната е приказната дека едно лето во РК Вардар му дадоа ултиматум да ослабе за да го вратат во тим, по што се врати шланг, ама потоа пак се здебели и го суспендираа. Рекордот на вага му е 216 кг.

По заминувањето од Вардар, Милиќ направи пауза па се врати во Партизан каде сега го покрива пола гол, а таму вели дека помага со 15-20 минути, максимум пола саат по што му дават боца со кислород.

Паралелно со ракометот за време на корона кризата се приклучил во фирмата за канцелариски материјал, која инаку им е семеен бизнис, а наскоро со двајца партнери ќе отвора мексикански ресторан.

Супер е цел разговор за слушање, а ние ви издвојуваме.

На 8:38 низ смеа зборува за пивата. Ако мислите дека сме направиле печатна грешка, ќе чуете на видеото.

„Не знам ова дали е за во емисија. Велат дека во една прилика, а јас тоа не го знам дека сум испил 103 пива, но ја не верувам во тоа. Јас не бев таму, само чув. Легендата вели дека сум испил 103 пива“.

А пазете го сега ова на 9:00:

- Вистина ли е дека на едно излегување со Столе Стоилов сте изеле по две тепсии мини сендвичи во една пекара во Скопје?

„Е да беа само две тепсии. Точно е, стално после град одевме таму. Вистина е, изедовме две тепсии со мали сендвичи и луѓето се крстеа. Тоа е единствената пекара каде што сум ВИП гостин, сите доаѓаат да се сликаат со мене“.

7:02

„Скопје и Македонија ги засакав и најмногу ме нервираше кога некој ќе ме неречеше странец. Не можев себе да се доживеам како странец. Јас во еден момент сакав и да играм за Македонија, а одбив четири-пет други репрезентации со добри услови. Само да ми дадеа пасош и ќе играв. Таму имам многу пријатели“.

12:50

„Не знам кој знае, ама јас ја одбив Барселона за да останам во Вардар, кои ми понудија многу повеќе од тоа што го земав во Вардар. Причината за тоа е затоа што играв со срце и ми беше убаво и затоа што пред сè Сергеј Самсоненко во тој период беше заштитнички настроен спрема мене. Сакав да му се оддолжам со тоа што нема да заминам во Барселона“.

На крај вели дека прво што ќе направи кога ќе дојде во Скопје е телефонски повик до другарите и право во кафана, а го поздравува и Столе и најавува дека кафаната ќе му работи подобро од неговата.

10 април 2021 - 07:50