Македонија дебитираше на Светското првенство 1999 со победа против Саудиска Арабија од 28:21, а потоа ги загуби сите преостанати мечеви од Германија, Куба, Бразил и Египет.
Лидер на таа генерација ракометари беше Пепи Манасков, а првата мундијалска шанса ја доби и младиот Кире кој се покажа со 1 гол против Саудиска Арабија, 1 против Бразил и 8 на последниот меч против домаќинот Египет. Уживајте во овие антологиски снимки со незаменливиот Калински кој на последниот гол вели вака:
„Браво јуниор, тоа е нашата иднина. Треба да му се даде поголема шанса на Кире Лазаров. Се докажа во тешки натпревари на Пелистер“.
Пази се докажал на тешки натпревари на 19 години.