Бомбата на Дувњак за пласман на Хрватска во четвртфинале

Триесет и шест годишниот хрватски ракометар Домагој Дувњак го игра последниот голем турнир за својата репрезентација. Дувњак има речиси 300 настапи за Хрватска со која освои 4 бронзи и 3 сребрени медали на Олимписки игри, Светски и Европски првенства. Сега на домашен терен Хрватска ја чека четвртфинале, против Унгарија. Во четвртфинале ги однесе токму Дувњак кој повреден влезе од клупата за резерви и постигна прекрасен гол од далечина во моментите кога се кршеше резултатот против Словенија.

Капитенот на Хрватска Домагој Дувњак го игра последното големо првенство во репрезентацијата и верува во медал.

Словенија го отвори мечот со неверојатни 0:5 но Хрватите се вратија во игра и на крајот победија. Словенците се жалеа на судиите а нивниот селектор после натпреварот изјави дека „ракометот на крајот не победил“.

 

27 јануари 2025 - 14:09