Ајнтрахт Франкфурт треба да биде горд не поради тоа што за влакно не стигна до финалето на Лига Европа, туку затоа што ги имаат најдобрите навивачи. Кај и да гостуваат им одат по 5.000, ма какви 5, по 10.000 илјади и јаче. Погледнете ги овие сцени на крај, мислиш тие се во финале. Грмат каде и да одат и им даваат страшна поддршка.
Кога на кајронот во минутажа синоќа стоеше 94:50, навивачите на Ајакс логично одбројуваа 10, 9, 8...затоа што судијата продолжи 5 минути игра. Арно ама тоа ќе им остане запаметено како најболно одбројување откако гледаат фудбал. Мура ја шутна точно на 95:00. Џизс.
Лукас Мура му ја протнува на Онана во 96-та минута за 2:3 и после неколку секунди во горниот прстен од „Амстердам Арена“ некој плаче, некој се тресе, некој се држи за глава, некој урла. Воглавном сите шокирани.
Синоќешниот шок на Ајакс воопшто не претставува никаква утеха за навивачите на Барселона, демек ете и на други може да им се случи. Не ме интересираат другите, тепавме 3:0 и не е можно да загубиме 4:0. Оставете ме што сакам ќе правам и не реагирајте, секако не планирам да го гледам финалето.
На прв муабет мислиш дека е многу голема и дека се гледа од секаде, но не е баш така. А домашните фудбалери обично мислат дека им носи среќа, иако Клоп им забранил да ја допираат додека не освојат нешто. Само Хендо смее.
Што сè нема да улови човек во денешно време со камери, телефони, таблети. Сити - Лестер вчера беше мртва 70 минути, ама затоа во тој момент напаѓачите добија помош од одбраната. Компани ја офука душмански во агол за конечни 1:0, а еден навивач тогаш напушти. кој знае зошто.
Вардар не беше сам на гостувањето во Унгарија, туку имаше стандардно одлична поддршка од Комити и останати навивачи. Една група од нив додека се враќаше дома со кола, се отвори на автопат. Тој до гитаристот е Шиц легендата.
Клубот од Амстердам игра неверојатна сезона. Викендов го освоија првиот трофеј, оној од холандскиот Куп (4-0 против Вилјем 2) и го прославија со навивачите. На две кола пред крајот од Ередивизија, Ајакс има исто бодови со ПСВ, по 80 и е на чекор од титулата. Ако влезат во финале на ЛШ, можеме да замислиме што ќе прават навивачите.
Пишуваа како главните ѕвезди си заминуваат од тимот, дека Вардар мака ќе мачи во групите, дека Вардар нема шасна да ги помине, најавуваа празна сала...
И веќе не знаеме по кој пат објавуваме видеа со атмосфера и кореографија од навивачите на Ајнтрахт Франкфурт кои сезонава се сигурно навивачи број 1 во Лига Европа. Страшни се дечкиве.
Додека ние гледавме и уживавме за време на возбудливиот меч од ЛШ, една група Македонци имаше привилегија господинот 600 голови да го гледаат во живо како го делка Ливерпул. Плус и голот му го снимија од трибина. Блазе си им.
Монтереј е новиот шампион во КОНКАКАФ зоната или поедноставно Лига на шампиони во Северна, Централна Америка и Карибите. На првиот дуел славеа 0:1 против Тигрес, а синоќа 1:1. Погледне ја оваа величествена атмосфера која ја приредија домашните навивачи.
На Стариот континент има неколку клубови кои историски асоцираат со еврејската дијаспора: Тотенхем, Ајакс, Рома, Славија Прага, Краковија, Видзев. Најпознатите од нив вечерва играат во полуфинале на Лига на шампиони.
Која лакрдија знае да биде спортот во нашиов регион. Во 21 век уште сме должни да слушаме грди националистички извици со порака за убиство, да пишуваме дека некој гаѓал со цигла во сала (како ли ја внесол?) и да гледаме како навивачите си шутираат под кош. Анбливбл.
Ајнтрахт Франкфурт четири децении се нема пласирано во европско полуфинале, а синоќа тоа го направи по потешкиот пат. Пораз од Бенфика 4:2, па победа на домашен терен од 2:0. Навивачите се остреа за инвазија на терен, ама изгледа не им се гледа полуфинале на телевизија.
Двајца португалски навивачи имаа желба во живо да му дадат поддршка на својот тим во четвртфиналето од Лига Европа, но ниту тие го одбранија резултатот од првиот дуел, ниту момциве го погодија стадионот. Повеќе среќа следниот пат.
Пред дербито Милан - Лацио (1-0), стоперот на Римјаните, Ачерби изјавил како се подобар тим и доаѓаат во Милано по сигурна победа. На сето тоа, Бакајоко од Милан прво учтиво го разменил дресот со Ачерби пред крајот од мечот, а подоцна иронично го покажувал пред своите навивачи со соиграчот Франк Кеси.
Прво не им се веруваше дека Стерлинг ги носи во полуфинале со гол во 93-та, а потоа не им се веруваше дека голот е поништен и ништо од бизнисот. Да не си им во кожа.
Не дека многу ја следиме фудбалска сцена во БиХ, ама и покрај тоа не веруваме дека вакво нешто се случило до сега. Се работи за навивачката група на актуелниот првак Зрински од Мостар која слави 25 години постоење. Ова е нестварно славје за таков кутар фудбал сличен на нашиот. Да не знае човек ќе мисли дека ова се германски ултраси.
Ајакс има верни и познати навивачи кои ги бива за спектакли и за вознемирување на гостите, ама знаат и да се тепаат со полиција. Бајаги жустро било пред мечот со Јуве.
За македонскиот ракомет од исклучителна важност е што некои центри како Охрид, Битола, Струга имаат свои претставници во најдобрата лига. Ракометот во овој дел од земјава секогаш бил спорт број 1, а доказ за тоа се и преполните сали кога се игра дербито Охрид - Струга.