Одредени се казните за крвничкото лудило во мексиканскиот фудбал

Извршниот комитет на Мексиканската фудбалска федерација удри силно против вандалите кои можат да се простат од одење на стадион, а управата и газдата од клубот.

Прволигашкиот меч во Мексико меѓу Керетаро и Атлас се претвори во навивачка војна во која не се знаеше кој кого и каде напаѓа, а на грозните снимки се гледа како голи луѓе лежат беспомошни на земја, а други ги клоцаат.

Инцидентот беше до толку сериозен, што сите други натпревари во тековното коло беа одложени, а меѓу суспендираните нема само навивачи.

Казните се строги и реални, а според нив може да се заклучи дека никој не е поштеден.

Тие изгледаат вака:

- Службени 3 бода за гостинскиот тим Атлас и парична казна од 120.000 евра за домаќинот Керетаро.

- Доживотна забрана за целата управа на Керетаро.

- Една година фудбал на неутрален терен за Керетаро, зад затворени врати.

- Три годишна забрана за влез на стадион за навивачите на Керетаро и една годишна забрана за гостувања.

- Доживотна забрана за влез на стадион за навивачите кои беа уапсени.

- Суспензија за пет лица меѓу кои има полицајци, цивилно обезбедување и луѓе кои биле фокусирани на планирање и подготовки.

- Раскинат договорот со компанијата која помага во справување со безбедноста на стадионот Корегидора.

- Газдата на клубот е обврзан да го продаде Керетаро до крајот на годината, во спротивно федерацијата ќе му ја одземе сопственоста.

Државните власти на Керетаро соопштија дека 23-ца навивачи се хоспитализирани, од кои 10 се во тешка состојба и тројца во критична состојба, пишува Асошиетед прес.

Локалните медиуми тврдеа дека има и 17 жртви кои некој сака да ги сокрие.

Колку е хард кор ривалството меѓу овие навивачки групи, покажува фактот што навивачите кои се во болница, ќе излезат со полициска придружба.

Можно ли е Мексико да остане без организацијата за Мундијалот 2026?

9 март 2022 - 14:20