Навивачи

Најжестоките 30 стадиони на светот според Франс Фудбал

Реномираниот магазин, основоположник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот, направи ранг листа на најбучните стадиони на светот коишто имаат најдобра атмосфера.

Само Турците честитаат вака роденден на тренинг

Второлигашот Бурсаспор слави 57 години од своето постоење и 10 години од единствената шампионска титула. Торта со свеќи? Која торта бе, стадионот го запалија.

Во Европа веќе (ќе) се враќа публиката на стадионите

Фудбал со ограничен број на гледачи на трибините се игра во Чешка, во Србија, а наскоро најверојатно и во Шпанија, Италија, Германија и Полска.

Трибини затворени, ама Ријека има поддршка од ридот

Најверните, а богами и најспретните навивачи на Ријека најдоа место на каменарникот во грмушките зад северната трибина на стадионот „Рујевица“ и од таму го бодреа својот клуб кој направи луд пресврт.

Во Данска навивачите навиваат преку Зум конференциски повик

Во четвртокот се возобнови и данската фудбалска лига која како и речиси сите други првенства беше суспендирана повеќе од 2 месеци поради глобалната пандемија.

Во Чешка фудбал се гледа од коли на паркинг со пиво и хот-дог

Во средата се врати и фудбалското првенство на Чешка. Дербито на колото се играше во Прага каде Спарта ја пречека Викторија, но поинтересно беше во Плзен.

Прицни ентер, пушти глас нека има од навивачи

Некои телевизиски канали за време на преносите од Бундеслига, решија во позадина да пуштаат аудио снимки од навивачки реакции, навивања, скандирања. Колку толку да им направат интересно на гледачите кога нема публика на трибините.

Берлин е ова или Кисела Вода?

Пред едно 15-20 години гледавме меч од првата македонска лига меѓу Цементарница 55 и Пелистер во Кисела Вода. Седевме на единствената трибина, на бетон, а еден позади нас еден се качи со скала, директно од двор. И сега пази ова, во Бундеслига имаше сличен пример, ви се верува?

Знаете ли за јарецот кој традиционално го отвора секој натпревар на Келн?

Традиција долга речиси 7 децении и една од понеобичните во европскиот фудбал воопшто. Таква приврзаност меѓу навивачи и една жива маскота скоро и да нема никаде на друго место.

Па браво мајсторе!

Од еден балкон во Мадрид млад дечко ја свири Hala Madrid Y Nada Mas, химната на „кралскиот клуб“ и охрабрува неколку присутни комшии кои поради пандемија од вирусот се затворени по дома. Ветерот во позадина и пустите улици ја дополнуваат сцената.

Како турските навивачи ја изненадија брзата помош

Имаме прејаки сцени од Турција во кои навивачи организарно со песни и бакљадa и приредија невидено изненадување на брзата помош. Ги пречекаа појако отколку автобусот во кој се вози нивниот омилен тим.

Навивачи на ПАОК VS полиција во време на коронавирус

Група навивачи на ПАОК решиле да го прекршат полицискиот час кога е забрането какво било движење, со цел пред својата матична трибина да го прослават 94-от роденден на нивниот сакан клуб.

Паткари Струга се отворија од карантин

Одлично е тоа направено и на автентичен начин секој од својата дома. Сите со навивачки реквизити, а меѓу нив имаме гитарист, виолинист, хармоникаш, боем со салата и ракија, па дури и еден ловџија. Држте се стружани и само весело.

Миша Тумбас испратен со песна

Најверниот навивач на Партизан, човекот кој го бодреше овој клуб на фудбал, на ватерполо, на кошарка, на ракомет и на сите други спортови, Мирослав Гајиќ (66) попознат како Миша Тумбас бил погребан на белградските гробишта Орловача. Како што доликува, со песна за црно-белата боја.

Навивачи на Аталанта бесплатно работат во изградба на нова болница

Во претходните десетина дена мајстори, ѕидари, монтери, заварувачи, водоинсталатери, електричари и други, меѓу кои имало и голем број навивачи на Аталанта, бесплатно работеле за да се крене нова мобилна болница во Бергамо.

Каков е новиот филм на Нетфликс за ултрасите на Наполи?

Цели 29 години навивачкиот свет чекаше на добар филм за италијанската навивачка сцена по нивен гушт. Последен ваков кој заслужи Оскар меѓу навивачите беше епскиот „Ултра“ од 1991-ва на режисерот Рики Тоњаци.

Црвено црната ерупција пуштена на најјако

Доста со жонглирање тоалетни, челинџи, седи си дома, остани си итн итн. Кога нема ништо за гледање, дајте да се потсетиме на нешто магично. 4 јуни 2019-та, во Скопје и никаде на друго.

Војска не го прибира овој во карантин

Сите ми зборувате за некаква си изолација или самоизолација, а за Динамо Дрезден кој ќе пие и кој ќе го бодри?

Бед Блу Бојс се впуштија во најхумана мисија

Загреб викендов биеше две битки: Коронавирус и земјотрес. Првата вели седи дома, втората бегај од дома. Навивачите на Динамо Загреб се тука и за двете.

Најспремниот бугарски навивач за карантин

Ај не го броите човекот сега, не се знае ова дали ќе трае месец, два, три...и тешко дека ќе му издржи залихава до финалето на Лига на шампиони бидејќи го презакажаа за крај на јуни.

Турски ултраси за време на коронавирус

Овие навивачи го бодрат четвртолигашот Кочелиспор, а навивачката страст умеат да ја искомбинираат со безбедносните мерки. И сега во ситуацијава ако не можат да се испразнат на стадион, можат на улица.

Италијански навивачки проблеми

Ова со рокањето музика од балкони во Неапол на пример тече без фрки, бидејќи се пее само за Наполи, ама кризно подрачје за ваков вид на забава е Рим. Од една зграда се слуша песна за Рома, а ликов кој навива за Лацио е до толку гневен што решил да им се симне со стап.

Наполитанците се најјаки, почнаа од балкони да навиваат

Допрва ќе треба да седат дома, а веќе ги фаќа с`клет. Ама Италијанци ко Италијанци знаат да си направат да им биде забавно, а да не зборуваме за Наполитанците. Синоќа од балкон еден почна „La gente come noi non molla mai“, во превод „Народ како нас, никогаш не се предава“. И толку требаше.

Воспитани навивачи на денот

Атланта Јунајтед од САД vs Клуб Америка од Мексико во нивната ЛШ. За Мексиканката немаше адекватен пат до стадион, па мораше да “ги трпи“ Американците како и пејат од близу Атланта Јунајтед. Симпатични сцени, ај ти.