Наполитанците се најјаки, почнаа од балкони да навиваат
Допрва ќе треба да седат дома, а веќе ги фаќа с`клет. Ама Италијанци ко Италијанци знаат да си направат да им биде забавно, а да не зборуваме за Наполитанците. Синоќа од балкон еден почна „La gente come noi non molla mai“, во превод „Народ како нас, никогаш не се предава“. И толку требаше.