По 12 години престој, Лоренцо Инсиње на лето го напушта Неапол и се сели во Торонто кој му спакува богат договор од пет сезони во кои ќе заработи 60 милиони евра. Да видиме какво е расположението за тоа што им доаѓа еден од најдобрите италијански напаѓачи во моментов.
Брајан Хамилтон од Ванкувер Канакс живее втор живот благодарение на стручноста, внимателноста и добрината на една навивачка. Гестот и го наградија во голем стил.
Едни велат дека зад убавиот репортоар на зборови стои Тони Дрога од Радовиш, други дека тоа е Марчело Липи задолжен за балкански пазар, а трети дека се работи за Роберто Баџо кој влегува во вербален дуел со судиската тројка.
1. Се работи за навивач на Рома, кој веројатно има шуплива глава.
2. Требал барем да ја спушти маската, за колку толку да се сокрие од срамот.
3. Тој што снима требал уште да снима.
На сега веќе традиционалниот избор на најдобри навивачки изданија за годината која изминува, сајтот Ultras World прогласи Топ 10 едиции од 2021-ва. Кои од кои подобри.
„Сме протестирале против многу почесни играчи и витези како Кинаља, Неста, Михајловиќ. Сме оделе во тренинг базите на Рома и Лацио да истераме правда, не па со тебе неблагодарнику“.
Руската Дума (Госдума), долен дом на Федералното Собрание на Руска Федерација пред неколку дена и дефинитивно го изгласа предложениот закон за тн. навивачки ај-ди, идентификациска карта со која секој навивач ќе може да влезе на стадион. Навивачите бурно реагираат на репресија и наведуваат примери од Скандинавија и Германија.
Ракометната драма на терен која заврши со нерешен резултат и навивачката војна на големите ривали кои се кошкаа преку навредливи пароли, беа надополнети со симпатична иницијатива на домаќините која се покажа како успешна.
Додека Вардар и Еурофарм Пелистер биеја тешка и неизвесна битка до последна секунда, многу важна и најверојатно клучна во борбата за титулата, по долги години ривалството меѓу Комити и Чкембари можевме да го видиме и на трибините во Боро Чурлевски, со навивање и провокативни транспаренти.
Во меч од последното 38. коло во бразилската Серија А каде Атлетико Минеиро после 50 години стана шампион, играа меѓу другите и Форталеза и Баија. Гостите се бореа за опстанок, домаќинот за прв историски пласман во Копа Либертадорес (јужноамериканска Лига на шампиони). Победи Форталеза со 2-1 а сите три гола паднаа од пенал.
Шкендија викендов го совлада Пелистер со 2:1 со гол на 6 минути до крајот. Сè тоа убаво се додека капитенот Бејтулаи не почна да слави кај своите навивачи.
Не е тоа адекватно време ни за бурек, ни за чорба, ни за ништо, освен за сон. Ама Холандија е тоа, скроз друг менталитет. Од 5 рекле, од 5 ќе тренираме.
Сè погласно се зборува дека фудбалот одново може да остане без навивачи - новиот сој на коронавирусот тн. омикрон силно влијае на посетеноста на спортските настани во некои земји.
Што време дојде, навивачи да воспоставуваат ред и мир на трибини. Снимкава на која полицијата е во подредена улога е од синоќешниот меч меѓу Лестер и Легија Варшава во Лига Европа. Чудна дефанзивна тактика на англиските џандари.
Флуминенсе го совлада Интернационал со 1:0, доволна победа за по кој знае кој пат да ја чуеме онаа препознатлива јужноамериканска страст за фудбал. Ова го нема во Лига на шампиони.
Викендов се играше Лацио - Јувентус, меч од кој на социјалните мрежи кружи фотографија за која штета што нема инфо. Барем да дознаевме од каде е ликов.
Фудбалскиот празник во недела мина во знакот на екс ју репрезентациите кои синхронизирано газеа во битка за Мундијалот во Катар. Хрватите беа на -2 од Русија, но ја добија со помош на автогол и го заверија пласманот. Погледне ја оваа магична увертира на Пољуд, со еден од најубавите балкански хитови.
На 23 мај 2015-та и кажа збогум, на 8 ноември 2021-ва и се врати. Врската меѓу Чави и Барселона е нераскинлива и беше само прашање на време кога ќе се сретнат повторно. Овој пат во нова улога која ја добива во деликатен момент за клубот и играчки и финансиски.
Откако блеснаа со фантастична кореографија, навивачите на Милан организирани под името Curva Sud, го исвиркуваа довчерашниот играч на тимот Хакан Чаланоглу кој премина во Интер. Тој постигна гол од пенал на дербито и со прст ги замолкнуваше тифозите на росонерите горе на трибината.
Малиот навива за Посушје, на гости доаѓа Тузла и повеќе не навива за Посушје. Тренерот го подмачка со 10 конвертибилни марки (300 денари) за да навива за Тузла. Сцената не е од селски фудбал, туку од првата босанска лига.