Лацио веќе седум години нема заиграно во Лигата на шампионите и плејоф двомечот со Баер Леверкузен го гледаат како златна шанса. Гермаците се покажаа како многу тврд орев за тимот на Пиоли кој преку џокерот Кеита во 77 минута го скршија мразот. Навивач на Курва норд го сними голот и атмосферата која се создаде на трибината каде седат ултрасите.
Навивачите на Рома не чекаа многу за да му возвратат на нивниот довчерашен играч кој трансферот во Милан го направи со провокативен дрес на социјалните мрежи.
Арсенал и Тотенхем не одат заедно, исто како Лацио и Рома, Реал и Атлетико, Ѕвезда и Партизан, Милан и Интер. Така што овој навивач ќе треба многу да се објаснува ако наиде на група навивачи на Арсенал или Тотенхем.
Динамо и Стеауа Букурешт во 4. коло од романското фудбалско првенство одиграа 0:0, а тоа се случува прв пат после 16 години. Во меѓусебните дуели води Динамо Букурешт со 45:41 во победи. Судијата и уште двајца играчи имаа блиска средба со петардата.
Американските навивачи почнаа да преименуваат по нешто од европската тифо сцена, а тоа се манифестираше на градското фудбалско дерби за кое полицијата по се изгледа ќе има многу работа во иднина.
Нема секогаш потреба од паника, редари, полиција кога некој ќе влезе на терен. Давид Алаба од Баерн Минхен ќе ви покаже како се прави тоа најдобро. Пред мечот ја испрати до своето столче, а по мечот се врати да и го даде дресот.
Мечот меѓу Младост Добој и Славија Сараево од првата босанска лига ни носи ретко виден, а можеби и прв пример на вака внимателни навивачи кога е во прашање начинот на пцуење. Еден од нив ги прекрши правилата и му се обрати на судијата со зборовите „мајка четничка“. Настана гужва по која навивачите на Младост, Црвена легија самите го исфрлија од стадион бидејќи не дозволуваат навреди на етничка основа.
Мајкл Купичити ќе фати авион од Торонто до Барселона, а од таму потоа заминува за Бирминген за да го гледа Астон Вила против Манчестер Јунајтед во второто коло од Премиер лигата.
Ќе им ги собереш срамните резултати, промашените засилувања и најболните моменти од историјата на кои не сакаат да се навраќаат, како на пример кога Тери се лизна во пенал серијата против Манчестер во финалето од ЛШ.
Работнички вечерва на Филип Втори го пречека турскиот претставник Трабзонспор во рамките на 3. квалификациско коло од Лига Европа, но на стадион има навивачи и на друг турски клуб кои се појавија како провокација.
Романскиот клуб Политехника беше вицешампион, два пати го освои романскиот куп, а има играно и во Лига Европа. Откако клубот пред неколку години се распадна поради финансиски проблеми, нов со истото име оформија навивачите кои на трибините прават спектакл како на аргентинско дерби.
Олд-скул шмек, оригинални текстови за голема почит, полна трибина на нивните славенички настапи, преполни клубови и ресторани. На балканската навивачка сцена ѝ требаше нешто вакво.
Јамајка и Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, откако првите го направија најголемото изненадување во историјата на овој турнир и ги елиминираа САД, а вторите со судиска помош ја победија Панама. Судијата ги скара и навивачите кои подоцна долго време се тепаа на трибините.
Фенербахче и Олимпијакос синоќа одиграа пријателски меч кој го добија Турците со 3:2. Гостите добија заслужен аплауз откако лекарскиот тим интервенираше кај навивач на Фенербахче.
Фудбалерот од Гана Емануел Фримпонг е 99. случај на дискриминација во рускиот фудбал во последниве две години. На дуелот меѓу ЦСКА Москва и Уфа беше исклучен откако врати на провокацијата на навивачите на кои им смета што е црнец. Сега за него ќе има суспензија од неколку меча, а кој ќе ги доведе во ред навивачите во земјата кој е следен домаќин на Светско првенство?
На западната трибина за време на вчерашниот квалификациски дуел меѓу Вардар и Апоел, домашните навивачи извадија голем провокативен транспарент. Преку сајтот vardarfans објаснија дека идејата им е од една сцена од македонскиот филм Тетовирање каде еден од ликовите бил Грк и хомосексуалец.
Навивачката група Комити на два часа пред мечот тргна по својата препознатлива рута од Соборниот храм до паркот пред арената Филип Втори каде се загреваа со песни за важниот меч на Вардар на кој му недостасуваше само гол за пласман во следното коло.
Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.
Најзагреаните македонски навивачи на Манчестер Јунајтед влегоа во нашиот караван на посети кои со голем ќеиф ги правиме во фан клубовите. Вчера наполнија пет години откако се собираат заедно да ги гледаат „Црвените ѓаволи“, а ние им честитаме и за денешното големо засилување.