Се работи за трка со мотори speedway во Полска меѓу Мотор Лублин и ГКМ Груџиаз, натпревар кој бил дозволен да се следи со ограничен број на публика поради коронавирусот.
Тоа не им се допаднало на група навивачи кои не можеле да се помират да не ја гледаат трката во живо, затоа “будалите“ изнајмиле не еден или два, туку 21 кран за да има место за сите.
Спидвеј важи за еден од најпопуларните и најпосетените спортови во Полска, а навивачите не се качија само за да гледаат, туку направија шоу како да се на трибина.
Немаат простор ниту за разочарување што се ставиле во трошок, бидејќи Мотор Лублин е победник на трката.