Влегла полиција во клупчето на Бед Блу Бојс и имала што да види

Во пресрет на големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, одиграно во неделата (1:0), хрватската полиција извршила акција во едно клупче на навивачите на Динамо. На ишкртаните ѕидови имало графити за Адолф Хитлер и озлогласениот Анте Павелиќ, а агентите нашле и муниција за огнено оружје, безбол палки, телескопски палки, бакљи, петарди, топовски удари и воки-токи преку кое тешко може да се следи комуникацијата.