Море, Сампдорија и Лука Виали

Во понеделникот на 6-ти јануари стотина навивачи на Сампдорија и членови на управата на овој клуб се собрале на брегот на морето во градот Џенова, со цел сеќавање на големиот Џанлука Виали кој почина пред две години. „Понеси шал за Џанлука“ се вика акцијата која се организира за некогашниот италијански репрезентативец и голем шампион со Сампдорија.

Големиот Виали својата кариера ја почна во дресот на Кремонезе, во родниот град Кремона каде одигра четири сезони (105 настапи, 23 гола). Потоа прејде во Сампдорија каде имаше блескава кариера и на 223 меча постигна 85 гола. Ја носеше Дорија до сонуваното скудето во 1990/1991 а освои и три италијански Купа, 1 Супер Куп, УЕФА Куп на Купови во 1989/1990.

Во 1992-ра Виали ја носеше Сампдорија и до финалето на Куп на европски шампиони каде изгубија 0-1 од Барселона.

Од клубот од Џенова се пресели во Јувентус (102, 38 гола). Со бјанконерите се израдува на уште едно шампионско скудето, Куп на Италија и Суперкуп на Италија а го оствари и животниот сон да го крене пехарот во Лига на шампиони во 1995/1996 кога во финале го совладаа Ајакс на пенали откако во регуларен дел беше 1-1.

Во трофејниот личен музеј Виали има и пехар од Куп на УЕФА со Јувентус а играше и во уште едно финале на ова натпреварување.

Потоа стана миленик на навивачите на Челси со кого стигна до титула во ФА Куп, Лига Куп и играше финале на УЕФА Куп на Купови.

На 5-ти јануари 2023 после долго боледување Лука Виали почина.

8 јануари 2025 - 08:22