56 годишниот српски таксист, Горан Ж. за српските медиуми раскажа приказна од минатиот месец по која едвај чекал да му заврши 2019-та, бидејќи ќе ја памети по најлошата тура која некогаш ја доживеал и преживеал со патници.
На 7 декември во 3 по полноќ добил позив од еден ресторан во Ниш. Во кола му влегле двајца момци на возраст од околу 20 години кои му рекле да ги вози до центар. Само 50 метри потоа му рекле да застане за да се качат уште двајца.
После 10 минути мирно возење застанале на семафор од каде почнал хоророт.
„Во тој момент надвор имаше една група на дечки. Еден од моите патници кои седеше на последно седиште ја отвори вратата, почна да пцуе и да ги навредува. Му реков да затвори, да не прави проблем, но тој продолжи. Четворица момци се доближија до таксито и почнаа да удираат. Почнав полека да давам гас, но се плашев да не згазнам некој.
Во еден момент видов како еден од нив фрла бакља внатре низ прозор. Застанав и почнав да викам по децата веднаш да излегуваат. Сите излегоа од колата која почна да гори, но кога се свртив да се осигурам видов дека еден од нив седи позади згрутчен.
Тоа беше страшно бидејќи колата гореше како слама. Еден од момците се врати за да го извлечеме. Рацете и лицето ми гореа додека го спасувавме, но подобро тоа да се случи отколку некој да загине. Кога го извадивме на сигурно го земав апаратот за гаснење пожар. Почнав да викам помош, но никој не застана. Само еден колега донесе вида. Но сето тоа беше залудно бидејќи таксито ми изгоре“.
Повредениот таксист бил пренесен со брза помош во болница каде му констатирале изгореници од трет степен.
„Среќа косата не ми се запали, инаку би бил готов. Од болница отидов во полиција и таму дознав дека уствари сум бил дел од инцидент меѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан. Сè сум се изнагледал со мојава работа, но таква омраза и агресивност не сум видел никогаш во живот“, раскажува Горан.