Норвежаните го обоија Олд Трафорд во жолто

Бодо Глимт од северот на Норвешка е една од најсимпатичните екипи во европските купови во последниве неколку години. Синоќа во натпревар од Лига Европа му гостуваа на славниот Манчестер Јуанјтед. Дури и водеа 1-2 после пресврт но на крај изгубија 3:2 од големиот фаворит чиј тренер Рубен Аморим ја забележа првата победа откако седна на клупата на Јунајтед.

Бодо Глимт доаѓа од градот Бодо во Норвешка кој има околу 42.800 жители. Синоќа на „Олд Трафорд“ дошле 6.714 навивачи на Бодо кои ги надгласија домашните.

Практично 12% од градското население на Бодо дошло на стадионот на Манчестер Јунајтед:

Што се однесува до резултатот, Манчестер Јунајтед прв поведе уште во 1' минута преку Гарначо, гостите направија целосен прсврт со головите на Евјен во 19-та и Цинкернагел во 23-та минута но домашните на крај славеа триумф по погодоците на Хојлунд во 45' и 50-та минута.

29 ноември 2024 - 10:58