Навивачкиот хаос во Љубљана каде играа Бобан Николов и Шишковски

Борац Бањалука е најголемо изненадување од регионов во еврокуповите сезонава. Тимот за кој резервен голман со број 1 на грбот е Дамјан Шишковски а во средниот ред стандарден е Бобан Николов, елиминираше многу познати клубови и стигна до осминафинале на Лига Конференции во својот прв историски, дебитантски настап во Европа. По триумфот 1-0 во Бањалука, синоќа одиграа 0-0 против Олимпија во Љубљана. На стадионот имаше нереди откако домашните навивачи фрлале пиротехника по гостите кои брзо возвратиле.

Борац Бањалука на денешната ждрепка во Лига Конференции за следен противник го доби Рапид Виена.

 

21 февруари 2025 - 15:05