Навивачите на Селтик против кралското семејство во живо

Во само неколку дена во Англија имаше инвазија на шкотски навивачи. Прво во Манчестер, на меч против Јунајте дојдоа илјадници навивачи на Глазгов. А во средата Астон Вила во Бирмингем го пречека Селтик. Во градот на „Пики Блајндерс“ дојдоа неколку илјади навивачи на Селтик. За Астон Вила навива принцот Вилијам кој често го бодри овој тим од трибините.

Сега се погодило, големите противници на британската монархија, навивачите на Селтик да се сретнат тет-а-тет со принцот Вилијам. Во текот на натпреварот кој заврши 4:2 за Астон Вила, го навредувале кралското семејство, пееле песни против нив и ваделе знамиња и пароли.

Навивачите на Селтик пееле песни за Мајкл Фаган, психијатрискиот случај кој се нашол на насловните вести на сите светски медиуми во 1982-ра, откако провалил во собата кај кралицата Елизабета II во Бакингемска палата и дури, наводно, помуабетил со неа додека не го исфрлиле од кралската палата.

Навивачите на Селтик скандирале и бизарни песни како Lizzie's in a box (Лизи е во сандак) и "If you hate the Royal Family, clap your hands" („Ако ја мразиш кралската фалмија, плесни со раце“).

Англиски Телеграф пишува дека шкотскиот клуб Шамрок бил казнет од УЕФА минатата недела со 8.540 фунти поради слични скандирања против кралицата Елизабета II за време на мечот против Челси во Лондон минатиот месец.

При прослава на вториот гол на Селтик за резултат 2:2, шкотските навивачи запалиле факели и ги фрлале на теренот за што клубот го очекува драстична казна од УЕФА.

Навивачите на Селтик често скандираат против кралското семејство:

31 јануари 2025 - 09:33