Хаосот бил најавен уште во 2 после полноќ во сабота кон недела кога навивачи на Бурсаспор дошле пред хотелот каде престојувале играчите на Ахмед СК и запалиле огномет со скандирање анти-курдски извици.
Пред почетокот на мечот утредента целиот терен бил прекриен со разни предмети (имало дури и ножеви и куршуми) фрлени од трибините, па играчите морале да играат во такви услови.
На крај Бурсаспор победила 2-1 со головите на Чагатај Јилмаз и Ченк Шахин. Единствениот гол за Ахмед СК го дал Мехмет Гуркан Озтурк.
Натпреварот изобилувал со прекини, нереди, инциденти, гужви и хаос. Најмалку седум лица биле приведени, а инцидентите ги осуди и Турската фудбалска федерација.
Владината канцеларија во северо-источниот град Бурса соопштила дека тројца државни службеници биле сменети од своите функции поради задоцнета и неефикасна истрага за настаните на овој фудбалски меч.
Инаку за Ахмед СК играат и фудбалери со турско потекло и државјанство како што е голманот
Bütün yetkilileri göreve davet ediyoruz...@TFF_Org @UEFA @FIFAcom pic.twitter.com/O0vqD9Qo43
— Amedspor Kulübü (@amedskofficial) March 6, 2023
Maç sonunda soyunma odası koridorlarında Bursaspor Özel Güvenlik Amiri, Kulüp Güvenlik Sorumlusu, kulüp personelleri ve emniyet görevlileri tarafından futbolcularımıza fiziki saldırı gerçekleşti.
— Amedspor Kulübü (@amedskofficial) March 5, 2023
Saldırı anlarından kayıt alınabilen görüntüler. pic.twitter.com/BBeGqwQEuK
Бурсаспор има 25 бода и е на 15. место, па до крај на сезоната ги чека битка за опстанок во трета лига.