Детето на Интер со мегафон ги поведе навивачите

Дваесет и шест годишниот Федерико Димарко е најсаканиот фудбалер меѓу тифозите на Интер во последниве неколку сезони. Се бараше левиот офанзивен бек во разни клубови, беше на позајмица во Асколи, во Емполи, во Парма, Сион и Верона а на крајот си го најде местото во саканиот Интер. За Италија дебитираше во 2022-ра и веќе има 16 настапи и 2 гола. Искрено го сака клубот а тифозите тоа го препознаваат. После освоениот Суперкуп на Италија прослави со нив.

 

23 јануари 2024 - 15:54