Делии го протеруваа амбасадорот на САД

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, по присуство на натпревар на Партизан во Евролига, синоќа дошол да го гледа и мечот Црвена Звезда - Фенербахче. Навивачите на белградскиот клуб непрекинато го навредуваа, некои од нив се приближиле и до свечената ложа и барале од него да ја напушти Арената. На старт на втората четвртина член на групата Делије мавташе со голем барјак на кој е исцртана картата на Косово во состав на Србија токму пред амбасадорот Хил. На полувреме станал и си отишол.

Навивачите на Црвена Звезда на својот официјален канал на Телеграм после мечот објавија дека Хил се памети како голем поддржувач на терористичката ОВК и голем борец за отцепување на Косово од Србија.

 

16 јануари 2025 - 08:48