23-годишен навивач на Сао Пауло паднал од највисоката трибина и летал 25 метри

На стадионот Морумби, 23-годишен навивач на Сао Паоло паднал од највисоките редови и летал скоро 25 метри до најдолната трибина. За среќа останал жив.

Чудесно избегната трагедија на големото бразилско дерби Сао Паоло - Гремио, меч од првенството на Бразил кое се одигра во саботата.

23-годишниот Јаго де Мело Риос паднал при навивање за својот омилен клуб, а се срушил врз 13-годишно девојче, идентификувано како Џована Сантос која за среќа исто излегла неповредена од целиот случај. Клубот соопшти дека двајцата млади луѓе биле во свесна состојба веднаш додека им била пружена прва медицинска помош, а брзо биле и пренесени во најблиската клиника каде биле подвргнати на испитувања и снимки за евентуални скршеници или набиеници.

„Јас сум малку повисок, а заштитната ограда ми е до папокот горе долу. И не знам зошто, телото ми навали надолу, цел граден кош ми отиде надолу и не можев да се задржам. Човекот до мене се обиде да ме задржи, ама веќе исчезнав надолу. Многу се преплашив. Ме болеше целото тело, но не изгубив свест. Цело време бев свесен. Добар сум, имам неколку модринки и гребаници, но за среќа немам ништо скршено“, рекол младиот човек за TV Integração.

 

3 септември 2019 - 09:56