- Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Globo Prestígio“, за неговите 22 годишен стаж во репрезентација за која има 223 настапи, 141 гол, ЕП 2016 и два пехари во Лига на нации.
- „Не го гледам овој трофеј како крај на кариерата, туку како продолжение на сè што сум направил. 22 години сум во националниот тим, мислам дека тоа зборува само за себе. Страста што ја имам за носење на дресот, за освојување трофеи, за играње за националниот тим. Често велам, да можам, би играл фудбал само за националниот тим, не би играл за ниту еден друг клуб, затоа што тоа е кулминација и врв на еден фудбалер. За мене е извор на гордост да играм за националниот тим бидејќи ја чувствувам поддршката од португалскиот народ.
- „Сакам да продолжам да играм уште неколку години, не многу, морам да бидам искрен. Моето семејство вели дека е време да престанам и ме прашуваат зошто сакам да постигнам 1.000 гола кога веќе сум постигнал 900. Но, длабоко во себе, не мислам така. Сè уште создавам добри работи, им помагам на мојот клуб и на репрезентацијата. Зошто да не продолжам? Станува збор за уживање во моментот. Знам дека немам уште многу години да играм“.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.