- Јужна Кореја упати жесток протест откако нејзините спортисти на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз беа претставени како Севернокорејци.
- Кога делегацијата на Јужна Кореја пристигна со брод на реката Сена како 48-ма нација учесничка, водителите ја претставија како Демократска Народна Република Кореја на француски, а потоа и на англиски, користејќи го официјалното име за Северна Кореја, земја со која Јужна Кореја сè уште е во војна.
- Јанг Ми-ран, заменик јужнокорејски министер за спорт и олимписки првак во кревање тегови во 2008 година, побарал средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, за да разговараат за ова прашање.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.