- По болното испаѓање од АЕК Атина во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони, управата на Динамо Загреб го отпуштила тренерот кој пред само пар месеци седна на клупата.
- Бишчан дојде во Динамо со голем ентузијазам и наострен зборуваше за големи планови, но се испостави дека во само два меча покажа доста слабости.
- Динамо Загреб на „Максимир“ во првиот меч против АЕК водеше 1-0 на полувреме но во вториот дел прими 2 гола и изгуби 1-2. На реваншот во Атина водеше 0-2 дури до 92' минута после што прими два гола и со 2-2 испадна од АЕК. Хрватската јавност е во шок како е можно додека уште располагал со право на четири измени во судиското продолжение да не направи ниту една и да гледа како АЕК израмнува во последните секудни.
- Нов тренер на Стефан Ристовски и „модрите“ би можел да биде Сергеј Јакировиќ кој го водел Зрињски од Мостар до титула а сега е тренер на Ријека.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.